ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Работа и кариера

Добродојдовте во порталот за работа и кариера на ТОНДАХ®!

Во меѓувреме, во ТОНДАХ®има околу 2.000 вработени, кои работат во 11 земји. Вработените за нас го претставуваат основниот столб и тие се причина за нашиот успех, затоа политиката околу персоналот која ТОНДАХ® ја развива се однесува на постојаното усовршување на вработените. ТОНДАХ® се разликува од останатите компании не само по квалитетот на своите производи, туку и по своите вработени. Вработените прават јасна разлика, што треба да се направи сега, а што во иднина. Секој вработен се одликува со компетентност, претприемачки дух и индивидуална одговорност. Здравјето на секој вработен не е компромис, туку за нас врвен приоритет. Компанијата вложува во превентивното здравје на сите вработени и се ангажира околу заштитата при работа на секој вработен.

Знаењето е моќ! Примарна задача на секој вработен е да се образува и усоврши преку мултинационалната размена на искуства и знаење со постојаната меѓусебна комуникација на вработените во земјите кај што е застапен ТОНДАХ®. Активното и континуирано учење обезбедува искуство и знаење кое вработените секојдневно го пренесуваат. Знаењето е клучот на компанијата, кое и обезбедува сигурен успех и во изнаоѓањето на најдобар одговор на поставените прашања од купувачите.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од компанија како што е ТОНДАХ®, да соработувате во интернационален тим во кој ќе можете да се докажувате и да ги истакнувате Вашите вештини, тогаш пријавете се!

Ние нудиме одговорност и мотивација, можност за развој во компанија која постојано расте.

Ние со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација, испратете ја на:

ТОНДАХ Македонија АД
ИГМ Пролетер бр.1
МК- 2310 Виница
E-маил:  office@tondach.com.mk