ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

ТОНДАХ во Охрид се претстави со хармоничен и медитерански стил

07. август 2012

На презентацијата учество зедоа претставници на Општина Охрид и Струга, како и началници на урбанизам, директорката на музеј и завод Охрид, голем број на архитекти од регионот, градежни фирми и деловни партнери на „ТОНДАХ Македонија“. Гости на овој настан беа и директорот за продажба на целата групација ТОНДАХ, г-динот Мартин Олбрих од Австрија, координаторот за продажба на југоисточ Европа Јасмин Хошо од Босна и Херцеговина, како и колеги од ТОНДАХ Србија, ТОНДАХ Бугарија и Албанија.

Преку заедничкото дружење, ТОНДАХ Македонија успеа на присутните да им ја презентира иновативноста како основна одлика на компанијат, развивајќи при тоа производи за секечиј вкус и архитектонски стил. Компанијата развива постојано нови производи, кои на преден план ја ставаат користа на производите за секој поединец, без разлика дали производите ќе бидат наменети за покривање на нов објект или пак ќе бидат наменети за санација на покрив. Тие, не ја ограничуваат слободата на архитектите во нивното проектирање, следејќи го современиот тренд.

Презентацијата беше со цел, да се истакне долгорочната вредност на природните материјали, меѓу кои спаѓа и ќерамидата како природен, еколошки и долговечен покривен производ од печена глина, која нуди сигурност, заштита и благопријатни услови за живеење. Затоа, неопходно е градот Охрид да го земе во предвид овој аргумент, како многу важен сегмент во регулативата, објектите (фамилијарни куќи, станбени т.е. социјални или колективни згради, хотели, викендици, вили и.т.н.), да се покриваат исклучиво со природни материјали од печена глина т.е. со ќерамиди, а не со лим или други видови на покривни материјали. ТОНДАХ Македонија ги претстави пред јавноста, покрај домашните производи за кои не е потребно посебна рекламира, бидејќи сите добро ги знаат, и производите кои го истакнуваат Тосканскиот т.е. Медитеранскиот стил во регионот, во кој припаѓа и градот Охрид со својот автентичен изглед. Бидејќи Охрид е град, кој е заштитен од УНЕСКО, тој не смее да ја изгуби убавината која ја има, во конкретениот случај тоа се однесува на стариот град. Затоа, ТОНДАХ Македонија искористи прилика да ги претстави производите кои се произведуваат во ТОНДАХ Србија и ТОНДАХ Хрватска, кои на градот Охрид и пошироко, ќе го сочуваат медитеранскиот изглед. А, тоа е ќерамидата Медитеран Плус, која се произведува во ТОНДАХ Србија и ќерамидата Венера која се произведува во ТОНДАХ Хрватска, ќерамиди облагородени во најразлични бои (енгоби и глазури). ТОНДАХ на градот Охрид му подари 3.000 парчиња Медитеран плус ќерамиди, за санација на објект со историско значење.Која е пораката која ТОНДАХ Македонија сака да ја пренесе до своите целни групи? Во мислите на секој човек, треба да се разбуди пораката, дека ТОНДАХ е специјалист во својата дејност, сигурен и единствен во Македонија и пошироко. Во центарот на сите активности компанијата ги става купувачите, поаѓајќи од нивните потреби и желби. Сигурен во своите решенија кои имаат висока вредност, бидејќи секоја индивидуа може да се пронајде во широката палета на производи кои ги нуди. А сонот на секоја индивидуа, е да изгради сигурен и топол дом за своето семејство. Дом, кој ќе трае со генерации, а тоа е најголемата вредност која може да се даде на секоја индивидуа т.е. човек.

На крај може да се каже дека, ТОНДАХ се одликува со високо квалификувани кадри, има секогаш професионален настап пред своите купувачи, располага со високо квалитетни производи, тоа се одлики кои ТОНДАХ го прават лидер на сите пазари, кај што е присутен!