ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

TONDACH® склучи ексклузивен договор!

19. септембар 2012
TONDACH® склучи ексклузивен договор за покривање на покриви на олимпискиот град Сочи

TONDACH® склучи ексклузивен договор за покривање на покриви на олимпискиот град Сочи

           

•       ТОНДАХ Глаjнштетен АД од Австрија го доби тендерот за испорака на покривен материјал за Олимпискиот проект „Сочи 2014“ 

•       Олимписки проект „Горнаја Карусел“ со околу 160.000 m2 покривна површина

•       ТОНДАХ иновација -  ексклузивна покривна површина за проектот - Сочи 

•       Потпишување на договорот на 14. март 2011

 

Глаjнштетен (Штаерска/Австрија), 2. Мај 2011: ТОНДАХ Глаинштетен АД, водечки производител на глинени ќерамиди во централна и југоисточна Европа, потпиша ексклузивен договор со Руска изведувачка компанија за испорака на покривен материјал за проектот „Сочи“. Градот Сочи се наоѓа на брегот на Црното Море, а во 2014 година ќе биде домаќин на зимските Олимписки игри. 

 

ТОНДАХ производи за проектот „Горнаја Карусел“ во Сочи

ТОНДАХ Глаjнштетен АД го доби тендерот за испорака на покривен материјал за Олимпискиот проект „Горнаја Карусел“. Ова е еден од најголемите развојни проекти во овој планински регион „Краснаја Полиана“, предвиден за Олимпијадата 2014 година.

 

Овој проект се однесува за спортски и туристички комплекс во склоп на  Олимпиското медиумско село, кое до крајот на 2013 год. треба да биде реализиран. Се состои од станбени објекти, викенд куќи, спортски и туристички центри, бутици, хотели и ресторанти како и медицински центар. На располагање ќе бидат околу 1780 сместувања во категорија од 3 до 5 ѕвезди, на површина од 580 илј. m2. Вкупните инвестиции за овој проект изнесуваат 850 милиони евра и ќе се реализира како резултат на владина одлука и подршка, но и под надзор на Меѓународниот Олимписки комитет.    

Покривната површина која изнесува од околу 160.000 m2 ќе биде покриена со различни ТОНДАХ производи, вклучувајки ја и ТОНДАХ програмата на фазонски елементи како оптички прибор за стреа, капаци, фолија за капаци, снегобрани и т.н. Главните покривни површини, кои се наоѓаат на надморска височина од 540 и 960 m, ќе бидат покриени со ТОНДАХ производот Венус, во две различни нијанси. Овој производ, со формат од 29 х 48,5 сm се одликува со современ изглед, валовита форма и функционалност. Бидејки се работи за производ од голем формат, со околу 11 парчиња во m2 се заштедува време при покривањето. За помалите и разиграни покриви, главниот архитект се одлучи за производ од програмата на ТОНДАХ Бидер ќерамиди. Овој ТОНДАХ производ дозволува креативност при покривањето, како на пример кај куполи или кули и поради дуплото преклопување, нуди дополнителна заштита при екстремни временски услови.  

 

„Производната програма на ТОНДАХ наменет за Олимпискиот проект  е избран хармонично според функција, формата и бојата. Голема важност при одобрувањето на тендерот за покривање, имаше фактот за „еколошка и долготрајна градба“, кој беше потврден при потпишувањето на овој договор.Затоа овој проект беше сертифициран според Интернационалниот Британски стандард „BREEAM“ (Building Research Establishment Environmental Assessment Method). ТОНДАХ производите се произведуваат исклучиво на природна база од глина, вода, воздух и оган. Тие се исклучуваат од секаков вид на хемиски состојки и се одликуваат по својот дизајн и функционалност. 

Затоа, во  поглед на издржливост не постоеше друг сличен покривен производ. Вредноста на овој Горнаја Карусел тендер изнесува околу 2,5 милиони Евра. „Работите се веќе под полн замав, така да првата испорака ќе биде уште во 2011 год. реализирана“, рече Маг. Мартин Олбрих, директор на ТОНДАХ Глаинштетен АД.

Генералниот руски инвеститор, кој ќе ги координира сите градежни работи околу Олимпискиот проект, за покривање на своите објекти инвестира во високо квалитетни ТОНДАХ производи, водејки се од основното правило објектите да се заштитат долгорочно.  Договорот за соработка се потпиша  на 14. Март 2011 год. Градежните работи околу овој проект се започнати уште од септември 2010 год. и треба да завршат според утврдениот план до крајот на 2013 година. Овој проект е финансиран од страна на инвеститор кој е во сопственост на државни банки, на градот Сочи и  на регионот Краснодар.   

 

ТОНДАХ Иновација – ексклузивен развој на покривни површини за проектот Сочи