ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Семинари за градежни мајстори и архитекти

01. фебруар 2016
ТОНДАХ Македонија организира бесплатни семинари за градежни мајстори, градежни инжињери и архитекти!

Традиционално, секоја година во јануари и февруари Тондах организира стручни семинирани за градежни мајстори, архитекти и градежни инжињери. Овие семинари се организираат во Виница т.е. во седиштето на фабриката, со тоа што посетителите имаат можност да ја посетат фабриката и да добијат стручно знаење за сите производи на Тондах. Целта на овие семинари, покрај стручноста која ја добиваат посетителите е и сигурноста која ја стекнуваат за квалитетот на производите на Тондах, кој е одлучувачки фактор при изборот на производи, со кои ќе ја гради и покрива својата фамилијарна куќа.

Сите заинтересирани можат да се пријават кај стручните лица на Тондах!