ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Игара со бои нудат покривите на ТОНДАХ®

08. април 2013

Ќерамидите на ТОНДАХ® игра на бои

Независно дали црвени, кафени или зелени, матирани или сјајни, покривите покриени со ќерамидите на ТОНДАХ® ја будат пролетта во Вашата околина.

Покриви во боја 

ТОНДАХ® има широк асортиман на производи. Произведува различни типови на ќерамиди кои се разликуваат не само по форма, туку и по боја. Затоа слободно можеме да кажеме дека постојат повеќе од 400 начини како да го покриете Вашиот објект, и тоа во повеќе од 25 нијанси на боја. 

Ќерамиди идеални за санации 

Сите производи на ТОНДАХ® кои имаат својство на поместување се идеални за ефикасно и брзо санирање на покрив, бидејќи нивното својство на поместување е до 6 cm по покривна должина. Тоа значи дека при санација и замена на ќерамидите со нови, не мора да ги менувате и летвите. Со тоа се заштедува време и пари! .

Ќерамиди со долг животен век 

Ќерамидите на ТОНДАХ® се производи кои се произведуваат од земја, се мешат со вода, се сушат на воздух и печат на оган! Производи од чиста природа, без хемиски додатоци. Тие се печат на температура повисока од 1000°C, со тоа нивниот животен век е подолг од 100 години.