ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Оригинално ТОНДАХ® решение во вид на систем

Со сеопфатните оригинални решенија на ТОНДАХ®  уживајте во сигурниот и долготрајниот квалитет на покривот.

1. Сигурност на подкровната конструкција 

Иновативните ТОНДАХ® подкровни фолии без пори,  со двослојни активни мембрани долготрајно и сигурно ја заштитуваат подкровната конструкција. Овие фолии служат како парни брани (Sub-and-Top) и е прозрачна, со своето варијабилно својство на влагата нуди максимална сигурност, таа едноставно се поставува.     

 

2. Држачи за соларни системи/фотокелии

ТОНДАХ® дава инструкции како да ги монтирате држачите за соларни системи на покривот, а притоа да не се оштетат ќерамидите. 

 

3. Осветлување и излез на покривот

Внесете светлина во подкровниот простор! ТОНДАХ® нуди елегантни, пристојни и функционални решенија за сите типови на ќерамиди како за осветлување така и за излез на покривот.

 

4. Систем за вентилација

Овие системи се посебен предизвик за секој тип на покрив. Со оригиналното TОНДАХ® решение во вид на систем со ќерамидата со отвор и сетот со флексибилно црево, се спречуваат оштетувања кои настануваат како резултат на влага. Однадвор овој сет визуелно е усогласен, а внатрешно истиот технички е поврзан да не пропушта зраци и ветер.

 

5. Сува монтажа на капаците со вентилација 

Оригиналните решенија на ТОНДАХ® за било се сигурни и визуелно убави, овозможуваат на Вашиот покрив да дише. ТОНДАХ® капаците заедно со ќерамидите создаваат хомогена целина на покривот, додека вентилацијата која природно се создава на билото, спречува влагата да се задржи на долниот дел од ќерамидите. 

 

 

6. Затворање на покривот и завршни ќерамиди.

Билото е најосетливиот дел од еден покрив! Временските непогоди најмногу го напаѓаат пределот на билото, капаците и завршните елементи од покривот. Затоа секој тип на ќерамида располага со соодветни завршни елементи кои го заштитуваат покривот од навлегување на дожд, град, снег, птици и разни инсекти.

 

 

7. Сигурност од временски непогоди.

Држачите на ТОНДАХ® како заштита од временски непогоди даваат сигурност според пропишаните норми. Не само информации на интернет, ТОНДАХ® нуди и лични инструкции и совети за нивно поставување. 

 

8. Снегобрани

Снегобраните на ТОНДАХ® и елементите за разбивање на снег се основни составни елементи на секој покрив, воедно и важен одбранбен механизам. Тие го спречуваат неконтролираното лизгање на снегот од покривот и даваат убава хармонична целина на покривот.  

 

Повеќе информации ќе најдете на TOНДАХ® Комплетно решение