Охрид - наскоро нов производ!

< назад

 

Пресуваната ќерамида ОХРИД со поместување,  е ќерамида од типот на Медитеран, се применува за покривање на  коси кровови. Благодарение на длабоко изразените фалцови од  двете страни, со правилно поставување на ќерамидата, обезбедувате сигурност при затварањето на покривната површина, со што ја отстранувате опасноста од навлегување на дожд, пропратен со ветер и навеви од сув снег.

Растојанието на летвите се одредува во зависност од нагибот на покривната површина и ја први идеална покривната површина, особено доколку се врши замена на стари ќерамиди со други димензии.

Предноста на оваа ќерамида при покривање на коси покриви е, покрај малиот број на ќерамиди во m2 од пропишаниот, се зема и нејзината естетска компонента. Имено, поради големиот вал, веќе поставената ќерамида на покривот дава лик на покрив, покриен со ќерамида, со традиционалниот турски изглед, специфичен за нашето поднебје. Таа се поставува исклучиво во мрежен слог.

 

 

 
   
 
   
   
 
   
   

Можни бои:

Природно црвена


Технички податоци Партнери во Вашата близина

Технички податоци