Доделување на интернационалната ТОНДАХ награда!

< назад
Доделување на интернационалната ТОНДАХ награда!

05.11.2009



Доделување на интернационалната ТОНДАХ® награда за најубав покрив на 29.10.2009 год.

галерија на слики.... 

За прв пат ТОНДАХ Глаинштетен распиша интернационална наградна игра за најдобар покрив, во која учествуваа 10 земји. Земји учеснички беа: Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Големиот интерес за овој настан беше потврден со испраќање на повеќе од 700 апликации со извонредни проекти, кои беа покриени со ТОНДАХ ќерамиди.

Како предуслов да се учествува на оваа наградна игра беше, објектот да биде покриен со ТОНДАХ производ во рок од една година, независно дали надворешноста на објектот е целосно готов и има фасада. Важно за нас беше покривот да е целосно, правилно изведен и завршен. Секој професионалец како на пример кровопокривач, градежна фирма, имаше право да зема учество.

На национално ниво ТОНДАХ ги додели наградите во март/ април 2009 год., за најдобро изведен покрив.

Најдобрите 3 покривни проекти понатаму по пат на автоматизам се квалифицираа за интернационалната ТОНДАХ награда. ТОНДАХ проектите беа оценувани од страна на жири кое го сочинуваа следниве членови од 5 земји:

CZ     Инг. Ева Хелерова, законски овластена за издавање одобренија во градежништвото
H   Дипл. инг. Aндрас Немес, градежен инженер
RS   Доцент Иван Раскович, универзитетски професор по Архитектура во Белград
SK   Доц.инг.арх. Jана Грегорова, универзитетски професор во Братислава
HR   Дипл. инг. Aљош Коколек, член на градежно друштво, проектант и статистичко биро
 A   Ханс- Петер- Фишер, Кровопокривар, член на покриварско друштво за Штаермарк
A   Маг. Мартин Олбрих, раководитела на маркетинг и продажба на групацијата ТОНДАХ


Жирито се состана во Унгарија, каде изврши оценување на приложените покривни проекти и ги прогласи победниците на секоја од трите категории „Приватни објекти“, „Јавни градби“ и „Историски знаменитости“. Утврдени беа и износите од 1 до 3 место по категорија:

1 место: 3.500,-- Еур.
2 место: 2.500,-- Еур.
3 место: 1.500,-- Еур.

 

Интернационалните победнички проекти:

Категорија:
Приватни објекти:

1. Место – Србија: СЗР Марко Тесар:

 

Фирмата „СЗР Марко Тесар“ од Горни Таванкут го доби првото место во категоријата „Приватни објекти“. Г-динот Марко Чик има покриено населба со приватни куќи во местото Златибор, со покривна површина над 1.600 m² со ТОНДАХ бибер енгобирана темно кафена.


2. Место – Романија: СЦ Гаигер Трансилванија:

 
 

„СЦ Гаигер Трансилванија“ од Сибиу – г-динот Раинер Менц има направено санација на покрив во Сибиу со околу 300 m² ЅОНДАХ бибер Цедонија природна.

3. Место – Унгарија: Ласло Катона
 

Се работи за проект на г-динот Ласло Катона од Кискорпад – фамилијарна куќа со покривна површина од околу 420 m² ТОНДАХ бибер природна црвена.

 

Категорија:
„Јавни градби“:

1. Место – Чешка: Профисол, спол.с.р.о:

 

Фирмата Профисол спол. с.р.о од Плзен го доби првото место за реконструкција на покривната површина на Општинската библиотека и поштенска служба. Проектот има покривна површина од околу 500 m2, покриен со ТОНДАХ бибер природна црвена. Наградата е врачена на г-динот Кубалик Франтисек од фирмата Профисол.


2. Место – Словенија: Фирмата Омахна Марјан:

 

Фирмата Омахна Марјан с.р. со својот проект од околу 1100 m2, покриен со производот на ТОНДАХ бибер енгобирано црвена го воодушеви жирито. Се работи за угостителски објект во Ласко, кој го поврзува традиционалниот со модерниот начин на покривање со бибер производите на ТОНДАХ.

3. Место –Крижевци: Кровстав-ББ, Јозеф Бриатка
 

Фирмата Кровстав ББ својот проект „Бања Лисец“ во Бојнице, покривна површина од 3500 m² го има покриено со ТОНДАХ бибер природно црвена и го освои третото место. Наградата ја доби г-динот Јозеф Бриатка од фирмата Кровстав ББ.

  

Категорија
„Историски знаменитости“:

1. Место – Австрија: Адолф Гамперл ГмбХ:

 

Фирмата Гамперл ГмбХ го освои првото место со својот историски објект „Каноненбастаи“ кај Грац. Се работи за вистински историски јувелир на стариот град во Грац, саниранана покривна површина од 750 m², покриен со ТОНДАХ бибер/џеб (староградски пакет). Наградата беше врачена на фамилијата Гамперл.

2. Место – Хрватска: Тесларска кровопокриварска работилница:

 

Второто место му припадна на проектот, санација на покрив од Загорска Села, со покривна површина од околу 160 m², покриен со ТОНДАХ бибер природно црвена. Наградата во висина од 2.500,-- € му беше врачена на г-динот Дане Циндрич лично.

3. Место – Словачка: Јарослав Квашчај

 

Фирмата Квашчај го освои третото место со својот проект, санација на покрив со покривна површина од околу 4.000 m2, Ергеле во Копчани. Наградата беше врачена на г-динот Јарослав Квашчај.

Наскоро нов производ!!!