ТОНДАХ инвестира и понатаму во Унгарија и ќе гради нова фабрика за ќерамиди

< назад
ТОНДАХ инвестира и понатаму во Унгарија и ќе гради нова фабрика за ќерамиди

04.09.2007
 

§        Градење на нова фабрика за ќерамиди во местото Чабаи (Бекешчаба) со најголемата тунелска печка на Х-касети во светот

§         Инвестиции од околу 35 мил. евра

§        Иновација на 21. век: ТОНДАХ вложува во Унгарија нови размери преку висококвалитетни ќерамиди со нов формат

§        Концентрирајки се на суштинската компетенција, јакнејки ја при тоа и понатаму позицијата на пазарот во Унгарија

 

   
 

Градење на нова фабрика за керамиди  - ТОНДАХ Чабаи II – Инвестиција од околу  35 мил. евра

 

 

ТОНДАХ Магиросарг (седиште во Чорна/Унгарија), 100% ќерка - фирма на ТОНДАХ Глаинштетен АД (Австрија) на местото Чорна (Бекешчаба) гради нова фабрика со  2 производни линии и се стреми кон нови димензии. Работите за новата изградба на фабриката тече на највисоко ниво, се додека не се предадат градежните налози на унгарската фирма. Новата фабрика за ќерамиди се протега на територија од са.30.000 м2 и со помош на технологијата State-of-the Art воведуваат нови размери на унгарскиот пазар. Од обработка на глината, формирање, печење, па се до пакување на ќерамидите ќе бидат вградени исклучиво најновите технологии и машини. Со вградувањето на модернита Х-Касети -  технологија, со која секоја ќерамида се става сама да се пече посебно, производниот квалитет достигнува нови врвни вредности. Тунелската печка е најголемата од тој вид во светот во однос на капацитетот. Работна безбедност е на високо ниво, помала потрошувачка на енергија и достигнати стандарди за сигурност и заштита на околината водат до стопанско производство и долгорочна корист на купувачите. Користа за купувачите е јасно видлива: перфектна точност на формата, подобрена компактност, помалку крш при долги транспортирања, индивидуалност со различните бои, зголемена стопанственост и докажана гарнација од над 100 години.

 

„Инвестициониот волумен на новата фабрика за ќерамиди е са. 35 мил. евра и нуди работа за 60 лица“, рече управителот на  Тондах Глаинштетен АД, КР Франц Олбрих. Унгарската фирма во 2006 деловна година имаше обрт од са 44 мил. евра со 540 работници.

 

 

 

ТОНДАХ постави нови размери во Унгарија преку висококвалитетната глинена ќерамида со голем формат

 

 

Новата производна линија ќе донесе дополнителни капацитети од са.30 мил парчиња ќерамиди и околу 2 мил. парчиња фазонски елементи. Тоа одговара на површина од са. 3 мил. м2 и са. 15.000 покриви на семејни куќи. Портфолиото на производи за унгарскиот пазар ќе се зголеми за најмалку 3 модели. Иновацијата од ТОНДАХ: Се работи притоа за голем формат на Тондах ќерамида кои ги има во различни бои, мат или сјајни. Со ова ТОНДАХ  Мaгиросарг е единствениот унгарски производител на висококвалитетна, природно црвена или обоена енгобирана, односно глазирана глинена ќерамида со потребни са. 10 парчиња на м2.

 

ТОНДАХ постави единствени размери на унгарскиот пазар за покриви со новите формати и во иднина уште повисоко ќе ја крене стопанственоста на ТОНДАХ- ќерамидата.

 

Со новите ТОНДАХ - модели за секој покрив, односно градба, куќа се создаде индивидуален обоен облик на слободно делување. Со тоа ТОНДАХ е поврзан со производите во тренд со природните, со квалитетот и високата вредност, а и со правилата на архитектонските слободни простори.

 

 

 

 

 

 

 

Концентрација на основната компетентност и понатамошно јакнење на позицијата на пазарот во Унгарија

 

 

Првата експанзија на пазарот во Унгарија беше 1992 год., тогаш беше купена фабриката Јамина во Бекешчаба и во 1993 год. Чорна-Белед. Во 2002 год. беше купена уште една фабрика за производство на ќерамиди во Тата. Некои од погоните беа модернизирани и сите беа трансформирани во ТОНДАХ Унгарија АД. Во меѓувреме ТОНДАХ е застапен во Унгарија со 4 фабрики за производство на глинени ќерамиди и една тулана и достигнува еден годишен капацитет од околу 92 мил. парчиња глинени ќерамиди и околу 65 мил. парчиња НФ тули. Производите на ТОНДАХ се добро етаблирани на Унгарскиот пазар и тоа под марката: „A kéramia Tetöcserep“ и има 50% удел на целокупниот пазар.

 

 

Со градење на нова циглана Чабаи II, ТОНДАХ ја продолжува својата успешна експанзија во Унгарија а со ова се надградува позицијата на пазарот. Стопанските индикатори покажуваат и за идните години позитивна тенденција. Како членка на ЕУ ќе дојде до покачување и подобрување на реформите на владата и инвестоторските дејности, а со самото тоа и позитивен развој на стопанството. Порастот на стопанството за 3,9% во 2006 год., според некои актуелни прогнози се очекува во 2008 год. да порасте преку 4%. „Со тоа ТОНДАХ го проценува Унгарскиот пазар како позитивен и очекува долгорочно побарувања на ќерамиди, кое за нас е позитивно“, цитат на управителот КР Франц Олбрих.

 

 

Стратегијата на групацијата ТОНДАХ и понатаму се мери преку пораст во европските земји, концентрирајки се и понатаму на суштинската компетентност. Со градењето на новиот погон во Чабаи едногласно ни предстои- зајакнување на водечката позиција во Унгарија преку пораст. Оваа стратегија ТОНДАХ ја следи од 1992, тогаш беше со првиот чекор купена најголемата фабрика за производство на ќерамиди во Унгарија. Потоа следеа аквизициите во Чешка, Словенија, Хрватска, Македонија, Романија, Србија и во Словачка. Со постојано оптимирање на постоечките производствени капацитети и добрите комерцијални односи се добива со добра соработка. „Тоа ни овозможува, овие пазари ефициентно да ги обработуваме и нашите активности да бидат оптимално насочени во повеќе земји. Ние очекуваме долгорочен средно- брз пораст на пазарот во покривните елементи. Бидејки ТОНДАХ Унгарија е доминантна и најмногу застапена за покриви во Унгарија, со тоа и ТОНДАХ е водечка на унгарскиот пазар“, тоа се зборовите на управителот Франц Олбрих. ТОНДАХ примарно ќе ги снабдува и пазарите во Романија и Бугарија со новите големи ТОНДАХ формати од печена глина. Наша цел е да продаваме како водичи во овие земји.

 

 

 

 

Краток портрет на ТОНДАХ Глаинштетен АД

 

 

ТОНДАХ Глаинштетен АД има повеќе од 3.200 вработени ширум југоисточна Европа во 34 фабрики и 11 земји. Годишно произведува 485 мил. парчиња ТОНДАХ- ќерамиди и околу 305 мил. парчиња нормален формат тули. Во 2006 год. има остварено приход од 220 мил. ЕУР (во претходната година 195 мил. ЕУР). ТОНДАХ Глаинштетен АД гради со локален менаџмент, најнови технологии со нова иновативна производна политика.

 

 

 

Актуелно