Саем во Минхен 2004

< назад
Саем во Минхен 2004

04.06.2004
Интернационален саем за градежништво, за ТОНДАХ голем успех!
 

ТОНДАХ се презентираше од  19. - 22. Maј 2004 на саемот во Минхен со еден најнов и сосема модерен штанд. Штандот беше со најголем одзив кај посетителите, постојано пофалуван и според тоа и добро посетен. Така ние можевме да ги поздравиме освен кровопокривачите од Австрија и интернационални гости. Според тоа Најголемите посетители беа од новите земји членки на ЕУ Словенија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Чешка, во кои ТОНДАХ веке со години гради добар имиџ.

 

Посебно се истакна идејата на ТОНДАХ за собирање на потписи, кадешто сите гости ги овековечија своите имиња. Еден шарен симпатичен симбол за пулсирачка комуникациска платформа, која овојпат ни го нудеше сопствениот штанд на саемот. Многу контакти кои постоеа, се освежија или продлабочија, а се воспоставија и нови интернационални врски за време на овој саем. Врз основа на овие делумно интензивни први контакти ќе се гради иднина, која ке ги донесе новите замави и динамики во нашите фирми, кои се познати бездруго за отворени и иновативни идеи. Се разбира не застануваме без гордост и пред нашите производи кои беа многу интересни и за нашите посетители. Тоа е и дотолку радосно што се работеше за саемска публика, која скоро без исклучок е топ стручна научна публика.

 

Покрај стручните активности, ние на нашиот штанд презентиравме и кулинарски специјалитети. Со специјалитетите на нашите ТОНДАХ земји, ги навикнувавме нашите гости на сите култури кое претставува уметност на готвенњето. Така на пример имаше разни салами и познатото Токаји вино од Унгарија, Ризлинг вино од Штаерската, пршут од Словенија, кулен од Хрватска, Бехеровка и пиво од Чешка, чадено сирење од Словачка, TOНДАХ макарони и за крај ексклузивна ракија од Србија.

 

Со овие кулинарски специјалитети им се заблагодаруваме уште еднаш на сите наши саемски гости за нивната посета. И ако не немавте можност да дојдете во Минхен, а добивте апетит, Ве очекуваме следниот пат, на кој многу се радуваме.

 

 
   

 
   

 
   

 
   

 
 
Нови ќерамиди со голем формат