Сонцето изгрева на исток и ја грее цела Македонија

< назад
Сонцето изгрева на исток и ја грее цела Македонија

02.12.2006

Голема чест и задоволство беше и учеството на ТОНДАХ Македонја АД од Виница на манифестацијата „Промотивни денови на Брегалничко - Срумичкиот регион“ во Скопје. 

Главна цел на оваа манифестација беше претставувањето на производите, услугите и туристичката понуда од Гевгелиски, Малеш-Пијанец, Овче Поле, Осоговски, Плачковица и Струмички микро регион.

Во оваа манифестација вклучени беа следниве Општини:

Берово, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Виница , Гевгелија, Делчево, Дојран, Зрновци, Карбинци, Конче, Кочани, Лозово, Македонска Каменица, Ново Село, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Чешиново-Облешево, Штип.

Промовирани беа бројните компании, поединци и невладини организации, кои беа поддржани од ГТЗ РЕДЕМ, проект за регионален економски развој, со цел да се:

  • Подобри конкурентноста во овој дел на Македонија 
  • Зајакнат финансиските можности на претпријатијата од регионот
  • Подигнат капацитетите за менаџмент на регионално и национално ниво
  • Унапреди меѓуопштинската соработка

 

 

 

 

Нови ќерамиди со голем формат