ТОНДАХ врши експанзија кон јужна Европа!

< назад
ТОНДАХ врши експанзија кон јужна Европа!

16.10.2003

Австриската групација ТОНДАХ со седиште во Глаинштетен (Штаерскоит дел на Австрија) превзема 92,7% од акциите на истакнатиот српски производител на ќерамиди Потисје Кањижа.

  • Со превземањето на српската фабрика за производство на рамна ќерамида Потисје Кањижа, Групацијата ТОНДАХ ја проширува својата експанзија
  • Успешен влез на пазарот во Србија и Црна Гора
  • Концентрација на главна компетенција
 

За фабриката Потисје Кањижа 

 

Фабриката Потисје Кањижа – оснаована е 1903 – се наоѓа на са. 200 км северно од Белград, непосредно до унгарската и романската граница. Капацитетот на производство на фабриката изнесува околу 65 мил. парчиња ќерамиди годишно – тоа одговара на покривна површина од са. 4,1 мил. м2. Делумно реконструираната фабрика освен со производната линија за ќерамиди располага и со друга линија за блок со капацитет од са. 50 мил NF. Познатите ќерамиди под името „Потисје Кањижа“ се добро етаблирани 30% удел на српскиот пазар. Фабриката, во деловната 2002 реализира обрат од са. 1.625 мил. динари или са.25 мил. Евра, со 900 вработени.

 

Србија и Црна Гора како иден пазар

 

Генерален директор на Тондах Глаинштетен КР Франц Олбрих: „ Со придобивката на Потисје Кањижа Тондах Глаинштетен АД постави стратегиски чекор за појачување на водечката интернационална позиција на пазарот. Пазарот во Србија и Црна Гора, кој беше застапуван од една продажна фирма на Тондах Групата, покажува енормен потенцијал. Со скоро 10 мил. жители стопанството се развива општо позитивно и во предходната година постигнува порасто од над 4%."

 

Стопанските перспективи за овој пазар Тондах Глаинштетен ги проценува исто така и преку изградбата на „Слободната балканска зона“ како крајно позитивна. Покрај Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија најкасно до 2004 треба да бидат интегрирани во слободната трговска зона и Хрватска, Албанија и Романија.

"Тоа ни овозможува, да ги обработиме ефициентно овие пазари и нашите активности да ги оптимираме според земјите. Средно до долгорочно очекуваме брз раст на пазарот во Србија во сегментот "покрив". На основа на доминантната позиција на Потисје Кањижа на српскиот пазар, ТОНДАХ Групата би требало да биде водач на пазарот на овој пазар", разјаснуваше КР Франц Олбрих.

 

Водечка позиција при понатамошна изградба на покривен систем

 

Стратегијата на ТОНДАХ групата ќе зависи меродавно од понатамошно разделување на присуството ширум Европа со истовремена концентрација на основата на компетенцијата. Со придобивката на Потисје Кањижа се вклопија на исто место и водечката позиција на пазарот во источна Европа како и експанзијата во јадрото на овој бизнис. Овие стрратегии Тондах Групата ги следи од 1992, тогаш како прв чекор беше придобивката на унгарскиот производител на ќерамиди. Потоа следуваат придобивките во Чешка, Словенија, Словенија, Хрватска, Македонија и Словачка. Тековното оптимирање на постоечкиот производен процес и продажните активности овозможува и реализација на Synergien. Со производното портфолио на ТОНДАХ Групата можат да се понудат целосни решенија за покривот. Со капацитет од са.425 мил. Парчиња керамиди годишно фирмата гарантира способност за испорака на ТОНДАХ клиентите.

 

Тондах Глаинштетен низ цела Европа има вработено повеке од 3.400 соработници во 31 фабрика во 10 земји. Во 2002 година фирмата стопанисуваше со обрат од 150 Mил ЕВРА.Тондах Глаинштетен АД притоа градеше на локалниот менаџмент, нови технологии и на иновативна производна политика.

 

Подетални информации за медиумите на:

Генерале директор КП Франц Олбрих
Тондах Глаинштетен АД, Teл. +43 3457 2218-16 | Е-Маил: linner.sabine@tondach.at
Михаел Обермајер
Рајхл и Партнер ПР ГмбХ, Teл. +43 732 666222 | Е-Маил:  mo@reichl.cc

Нови ќерамиди со голем формат