|
Во 1881 год. во Глаинштетен е изградена првата тулана. Денес тешко е да се замисли како и под какви услови во тоа време се произведувале ќерамиди, месени на рака и печени на дрва во Рингови печки. Во 21- от век треба да им се заблагодариме на овие пионери, кои тогаш со својата макотрпна, физичка работа го поставиле темелот на се што денес ТОНДАХ поседува. |
||
| 1881 |
во Штаерскиот дел на Глаинштетен е изградена првата тулана. Производството на ќерамиди и блокови на почетокот се одвивало рачно, со печење на дрва во Рингова печка. |
|
|
|
|
|
| 1964 |
се формиара туланата Глаинштетен. Г-динот Франц Олбрих го превзема раководењето на фирмата. |
|
| 1972 |
изградена е „фабриката 1“ во Глаинштетен. Производството се одвива на автоматизирана линија, според најнова технологија а печењето во тунелска печка на гас. На пазарот се понуди порозниот блок- ПОРОТОН. |
|
| 1983 |
се гради „фабриката 2“ во Глаинштетен.Започнува производството на влечена ќерамида, и марката ТОНДАХ се воведува на пазарот. |
|
| 1989 |
следува изградбата на „Фабриката 3“. Поради големата побарувачка на производите ТОНДАХ, беше изградена уште една нова фабрика за пресувани ќерамиди, со седиште во Глаинштетен. |
|
| 1992 |
во Бекешчаба / Унгарија , се купува Јамина а.д. Ова превземање опфати два града во кои се произведуваат пресувани ќерамиди и блокови. |
|
|
Следува првиот експанзивен чекор кон Чешка, кога се купуваат Хранице ГмбХ и Шлапанице а.д. |
||
|
Во Австрија, во истата година беше купена фабриката за глинени ќерамиди во Унтерпремштетен и Пинкафелд. |
||
| 1993 |
следи втората експанзија во Унгарија. ТОНДАХ Глаинштетен ја купува Белед а.д. во Чорна. |
|
| 1995 |
доаѓа до експанзија во Хрватска. Купена е Загорка Бедековчина а.д. |
|
| 1995 |
ТОНДАХ вложува во изградбата на туланата Полстерер ГмбХ, во долна Австрија. |
|
|
Истата година се случува проширување на просторот на Босна и Херцеговина. Се формира продажно- комерцијално друштво ТОНДАХ Босна и Херцеговина ГмбХ со седиште во Сараево. |
||
| 1997 |
се формира ново продажно- комерцијално друштво во Словачка. |
|
|
Во местото Хранице беше отворена реконструираната фабрика за производство на пресувана ќерамида со голем формат. |
||
| 1998 |
купена е фабриката за влечена ќерамида во Нитрианске Правно (Словачка). |
|
|
Во Чешка се случува нова експанзија- беше купена фабриката Јирчани а.д. од голем француски Концерн, за производство на пресувани ќерамиди- и блокови. |
||
|
Набрзо потоа дојде до отворање на реконструираната фабрика за пресувани ќерамиди во Хрватска- Бедековчина. |
||
|
Во истата година, ТОНДАХ Глаинштетен за првпат влезе и на словенечкиот пазар. Беше купена фабриката Крижевске Опекарне а.д. во Словенија. |
||
|
Во Австрија беше отворена новоопремената фабрика Пинкафелд 2. Оваа фабрика обезбеди производство на пресувани ќерамиди со голем формат, со што се водеше сметка да се зајакне пазарот. |
||
| 1999 |
сите постоечки тулани на групацијата од Глаинштетен беа преименувани во ТОНДАХ Глаинштетен а.д. |
|
|
Во Гаселздорф, во близината на Глаинштетен, се отвори погон за енгоби и глазури, како и центар за обука на специјалисти за поставување на покриви. |
||
| 2000 |
доаѓа до повторна експанзија во Хрватска.Купена е фабриката за влечена ќерамида во Џаково. |
|
|
Малку подоцна таа станува компетентен центар за облагородување на ќерамидите со енгоба и глазура. Се отвара реконструираната фабрика во Крижевци. |
||
| 2001 |
следи навлегување во Македонија. Купена е фабриката ИГМ Пролетер а.д. |
|
|
Во истата година доаѓа до повторна експанзија во Чешка. Во јануари беше купена фабриката во Чешка Цихелни Јозеф Мајндл с.р.о. Беа купени две фабрики со седиште во Штод и една фабрика за влечена ќерамида во Ближејов. |
||
| 2002 |
се формира продажно- комерцијално друштво ТОНДАХ Романија (во Романија). |
|
|
Добиен е меѓународниот знак за екологија- „Натурплус“. |
||
|
Се превзема туланата Тата во Унгарија со 100% сопственост. |
||
| 2003 |
се превзема фабриката за влечена ќерамида во Сибиу/Романија. |
|
|
Превземање на фабриката за производство на ќерамиди Потисје Кањижа во Србија и Црна Гора. |
||
| 2004 |
беше отворена новоопремената фабрика за пресувана ќерамида во Виница- Македонија. |
|
| 2006 |
превземање на Фабриката 2- со седиште во Џаково во Хрватска. |
|
Хронологија на концернот ТОНДАХ
Хронологија на концернот ТОНДАХ

| Нови ќерамиди со голем формат |
