| Кога создаваме благопријатна клима за живеење, покрај изолацијата од топлo, ладно и влага, од голема важност е и звучната заштитата која може да ја наруши таа клима за живеење. Бидејки главна одлика за оптимална клима е да биде акустички ненарушена, како од надвор кон внатре така и обратно. |
| Со многу малку средства можете да изградите поткровје со добра воздушна и звучна изолација. Поткровјето ќе има оптималната звучна изолација,ако ја вградите вистинската фолија која е специјализирана за таа намена. |
| За едно поткровје покрај воздушна и звучна изолација, од голема важност се и отворите. Колку е потешка една поткровна конструкција, и колку помалку отвори оставaте, толку повисока е воздушната и звучната изолација. |
| Во предели каде што бучавоста е многу висока, како на пример покрај аеродроми, треба да се земе поголема димензија на изолација за подкровната конструкција - како на пример ако земете да вградите изолација со поголема дебелина, на горната страна на летвите. Уште подобра заштита би била и внатрешната изолација. Сепак најоптимално решение за звучна изолација, ќе добиете од искусните кровопоставувачи. |

