Понекогаш ни самите не сме свесни која е улогата на покривoт со нагиб! Главната негова улога е да ни нуди заштита, од силен ветар, снег и бура. Бидејки знаеме дека најдобар покривен материјал е ќерамидата која потекнува од природата, а се произведува и кај нас во Македонија и тоа во единствената фабрика за производство на ќерамиди во Виница, со врвна технологија и висок квалитет, оваа ќерамида ни го дава сето ова со гаранција.
Од големо значење се и квалитетните кровопоставувачи кои играат важна улога во изведбата и поставувањето на еден правилен покрив.
Кај нас се многу ретки сликите „Покриви кои летаат“ од силна бура или невреме, како што е орканот, но во други земји тие постојат. И ова не е само поради реткото невреме, туку пред се поради правилната конструкција на нашите покриви. А за да се избегнат и најмалите оштетувања на покривите при силните бури до кои порано почесто доаѓаше, денес се прифатени и прилагодени пропишаните технички мерки за правилно поставување на покрив. Како на пример прицврстувањето на ќерамидите и капаците (нивна монтажа без малтер) со закачалки, ја дава не само сигурноста од бура туку го дава и вистинскиот сјај на самиот покрив. Поради ова секој човек кој има куќа го познава чувството кога надвор беснее бура, а семејството внатре ужива и се чувствува заштитено под покривот.

