Секое мало дете кога треба да нацрта покрив, инстинктивно се одлучува за покрив со нагиб. Tоа, ја покажува поврзаноста на нашата култура со овој вид на градежен облик. Во нашите климатски зони кои се богати со дождови, овој вид на покрив е најмногу применуван, а и денес нуди одлична заштита.
Сите стручни лица кои се занимаваат со планирање и проектирање на покриви во своите решенија нудат- покриви со нагиб, кои во нормални услови не дозволуваат да навлегува дождовата вода во конструкциите, а тоа се должи на нивното долговековно искуство. Во спротивно, рамните покриви мора да бидат добро затворени, да дихтуваат- за да не ја пропуштаат водата, а тоа значи дека покривот нема правилна циркулација на воздух т.е. неможе да дише.
Сигурноста од дожд во голема мера зависи и од степенот на нагиб на покривот. Границата за сигурност на еден покривен материјал ја дава правилото кое важи за поставување на покрив со нагиб. Таа не треба да се сфати како правило за „правилен“ и „идеален“ нагиб, но тоа најчесто и се прифаќа како таква. Најправилно би било да се земе најдолната граница од нагибот, која и во праксата се докажа како најсигурна. Тоа значи дека секој покривен материјал се поставува според определена дефиниција на степен на нагиб. По правило би требало секогаш за нагиб на еден покрив да се земе оној кој е за нешто повисок од пропишаниот. Генерално може да се заклучи: Колку е пострмен нагибот, толку е поголема сигурноста од дожд.

