|
|
Дир. КР Франц Олбрих Биографија: роден 1938 год., оженет, има два сина и 3 внучиња. Во 1964 година Франц Олбрих го превзема раководството на тогашната циглана -Цигелверке Глаинштетен. Покрај оптимирањето на постоечката фабрика за производство на блок, изгради во седиштето Глаинштетен една фабика за производство на влечена ќерамида и една фабрика за производство пресувана ќерамида. Со самото тоа ја воведе марката „ТОНДАХ“ на австрискиот пазар. Во 1992 година ги направи првите чекори на експазија кон југоисточна- Европа. Денес на број се повеќе од 30 фабрики во 10 земји, со успешна историја. Франц Олбрих важи за еден од ретките пионери во цигларската индустрија и денес e единствен управител на ТОНДАХ Глаинштетен АД. |
|
|
|
||
![]() |
Маг. јур. Мартин Олбрих Биографија: роден 1961 год., оженет, има две деца. По завршување на правните студии во Грац, апсолвираше меѓународни односи во Англија и Германија. Покрај ова има пракса и искуство во реномирани фабрики, каде што ја работеше својата магистарска работа за менаџмент, а ја бранеше на универзитетот за стопански науки во Виена. Од 1993 година, ја започна својата кариера во ТОНДАХ Глаинштетен како асистент на управниот одбор. Одговорен е како директор за маркетинг и продажба со лобирање на производите на менаџментот. |
|
![]() |
Дипл. инг. Трајче Серафимов Биографија: роден 1949 година, оженет, има син, ќерка и три внуки. Има дипломирано на Технолошкиот факултет, отсек неметали. Најпрво, четири години работи во Графичка индустрија. Во „ИГМ Пролетер“ доаѓа 1979 година. До 1987 год. е на работното место Технички раководител, а од тогаш до денес е Генерален директор. Фирмата успешно го поминува транзицискиот период, се трансформира во акционерско друштво, при што вработените стануваат сопственици на 70% од капиталот. Со цел развој и модернизација, вработените своите акции ги продаваат на групацијата „ТОНДАХ“ од Австрија. Целта е постигната. Во април 2004 година се пушта во работа нова фабрика. Сега, веќе „ТОНДАХ Македонија“ а.д. Виница продолжува уште поуспешно да работи. |




