ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Филозофија

Нашата филозофија е сосема едноставна: секој човек треба да знае дека со ТОНДАХ може да добие решение на покрив кое ќе му обезбеди сигурност, живот, благосостојба и удобност и за идните генерации.  ТОНДАХ- покрив на столетието ги обезбедува вистинските вредности во животот на луѓето.  

Погледнете го краткиот филм и запознајте се со нашата филозофијавредност и 
производите кои се дел од природата.

Иновативни:
Купувачите добиваат покрив, кој е сигурен, долготраен, индивидуален и естетски убав!

Ние нудиме индивидуални покривни решенија без разлика дали преку различните форми или бои. Преку континуираниот развој на нов производ, за нас не постои граница за слободата на планирање и проектирање на покривни идеи. Го следиме секој свремен тренд во областа на покривањето и настојуваме да го задоволиме  вкусот на секој купувач преку различните производи кои ги нудиме. Производите се до тој степен развиени, да на преден план ја истакнуваат користа која луѓето ја обезбедуваат преку нив, без разлика дали се работи за нов објект т.е. нова градба или се работи за санација т.е. санирање на покрив.

Ориентирани:
Купувачите се во центарот на сите активности.

Ориентирани кон купувачите и нивното задоволство, а со тоа нудиме поддршка на луѓето во создавањето на својот дом, се дел од секојдневните активности на ТОНДАХ. Ние создаваме долгорочни вредности преку покривните материјали кои ги нудиме, бидејќи тие се произведуваат од печена глина и се природни, сигурни, разновидни и издржливи, а со тоа не постои граница во слободата на индивидуалното планирање. Вредностите како доверба, партнерство, иновативност и посветеност се основа на нашите активности кои можат да се доживеат во секој производ.

Доверба:
Секој човек може да му верува на ТОНДАХ.

Со нашата економска субстанција и техничка експертиза, ние Ви гарантираме сигурни и природни покривни решенија кои ќе траат со генерации. Без разлика дали се тоа приватни инвеститори, градежни фирми, архитекти или трговци, секој поединец може да ни верува- и тоа ширум светот!

Партнерство:
ТОНДАХ е сигурен партнер.

Целта на секојдневните активности се градењето на долгорочно добри односи со купувачите и со вработените. Правичноста и меѓусебното почитување и добрата соработка со добавувачите, се одлики со кои се разликуваме од конкуренцијата. Партнерскиот однос и почитувањето едни со други, како и водењето на отворени дијалози се карактеристики на корпоративната култура.