ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Профил на компанијата

ТОНДАХ® е водечки производител на трајни покривни решенија од природен материјал- глина.

ТОНДАХ Глаинштетен АД е водечки производител на глинени ќерамиди и додатни елементи за покрив во централна и југоисточна Европа. Од 1992 година компанијата врши експанзија на своите активности кон источна Европа и денес е застапена со 28 седишта, во 11 земји. Во деловната 2012 година компанијата оствари обрт од околу 167 милиони евра.

Високиот квалитет на производите, професионалност во работата на персоналот, иновативноста, брзиот и сеопфатен сервис, а пред сѐ природните покривни решенија се главните карактеристики со кои се одликува компанијата. Применувајќи најсовремена, последна технологија во сите производни погони, компанијата успева ефикасно да го зголемува производниот процес, обезбедувајќи при тоа квалитативно високо вреднувани производи, произведени на база на природни материјали. Успешноста на компанијата т.е. на ТОНДАХ се темели, на тоа  што на преден план го става задоволството на купувачите, задоволни соработници и континуиран развој на нови производи.