ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Кои се вредностите на ТОНДАХ®?

 

Во последно време интересот околу квалитетот на  покривните материјали кај луѓето постојано се зголемува. Како причина за ова, се јавуваат не се само климатските услови кои во последно време се со екстремни температурни разлики, туку расте интересот и за нивниот животен век на градежните материјали, нивната еколошка вредност, нивната енергетска ефикасност и нивниот дизајн.

Глинените ќерамиди како природни покривни производи, можат во градежништвото да се вбројат во покривните матријали кои имаат најдолг животен век, во споредба со останатите покривни материјали.

Од еколошка гледна точка глинените ќерамиди, ТОНДАХ® ќерамидите се произведуваат од земја т.е. глина се мешаат со вода, се сушат на воздух и се печат на оган. Тие се дел од чистата природа, немаат хемиски додатоци. 

Ќерамидите на „ТОНДАХ®“ се дел од природата, бидејќи се печат на 1000°C во специјализирани печки нивниот животен век се продолжува и до повеќе од 100 години. Нивната функционалност е докажана со тоа што тие апсорбираат и испуштаат топлина, а со тоа обезбедуваат благопријатна клима за живеење. Затоа објектите кои се покиени со ќерамидите ТОНДАХ® имаат годишна заштеда на енергетските трошоци и до 20%. Затоа производите на ТОНДАХ® се вбројуваат во производи со енергетка ефикасност и се користат во изградбата на енегетско пасивни куќи кои како извор на енергија го користат сонцето.