ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Визуелизација на покрив

10. јул 2016
Едноставно и лесно...

Почитувани корисници,

Планирате да покривате, да го реновирате Вашиот покрив? Сакате да направите слика? Како ќе изгледаат ќерамидите на ТОНДАХ® на Вашиот објект од соништата?! Со неколку клика, сами можете да го остварите сонот на Вашиот иден дом, со помош на алатката за визуализација. Изберете куќа, налик на Вашата замисла, изберете го типот на ќерамида, саканата боја и следете ги техничките инструкции како се редат. Крајниот резултат ќе Ви го даде изгледот на куќата со избрниот производ.

Пристапете кон алатката за Визуелизација на покрив! Многу е едноставно!

 

Суштинско и многу важно во целокупниот процес на изградба на нов или реконструкција на стариот покрив, е неговиот визуелен распоред. Важен сегмент во тоа е покровот кој треба да изгледа совршено! За да го добиете тој визуален изглед треба да бидат исполнети сите услови во изградбата на покрив- во вид на систем, тој треба да ги има сите керамички и некерамички додатоци, дадени на сликата. Финалниот изглед на Вашиот објект, понатаму ќе служи како референца за совршен квалитет со долгорочни резултати.

Токму затоа, ТОНДАХ® ја создаде оваа апликација на својата веб страница, нерчена АЛАТКА за ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА на ТОНДАХ® ќерамиди. Едноставна и  креативна алатка создадена со цел да се олесни на крајниот корисник во процесот на визуелизирање на неговиот нов или ажуриран покрив. Таа Ви дава можност со неа да правите нај различни комбинации на покриви, со различни модели и боја на глинени ќерамиди, и начин како да се изведе нивното редење.

Доколку Ви треба дополнителни инструкции, слободно контактирајте не.