ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

TОНДАХ донира 100 покриви за жртвите од поплавите на Балканот

16. јун 2014
Ein Haus versinkt im Schlamm

Повеќ од 3 милиони луѓе во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, беа погодени од застрашувачи поплави кои не се паметат дека се случиле во последните 100 години.

Ситуацијата во поплавените региони полека се враќа во нормала. Во одредени делови на Босна и Србија, неодамнешните нови дождови допринесоа за нова доза на загриженост кај населението, како резултат на тоа останаа само уништени куќи и кал. Според ЕБРД (Европската банка за обнова и развој) штетите предизвикани од овие катастрофални поплави изнесуваат околу 3 милјарди евра.

Помош со испорака на градежни материјали 

Во кризните региони се расчистува просторот за обновата да може да започне. Најмногу погодени земји од катастрофата се Србија и Босна и Херцеговина. За да им се даде можност на жртвите од поплавите да добијат нов покрив над главата, Тондах Глајнштетен и Винербергер донираа ќерамиди и блок.  

„Да им дадеме подршка на настраданите во овие региони, за нас е приоритет. Мора да се погрижиме, настраданите да добијат повторно сигурен покрив над главата. Неопходно е да се обнови и инфраструктурата, како што се градинките, училиштата и болниците. Ние сакаме да дадеме допринос и покрај многубројните хуманитарни организации кои даваат се од себе, да ги обезбедат луѓето и санираат штетите. Ние на настраданите ќе им помогнеме со околу 15.000 m2 покривна површина.“ рекоа Мартин Олбрих и Маркус Пехланер, директрои на Тондах Глајнштетен АГ. Помош за настраданите од поплавите ќе донираат и Винербергер и Пепелајф со пакет градежни материјали. 

Реконструкцијата може да започне

Тондах и Винербергер имаат производни погони и претставништво за продажба во погодените региони. За да може брзо да се помогне, погодените семејства од поплавите можат да се јават директно во релевантните хуманитарни организации во локалните места. Координацијата ќе се одвива преку локални хуманитарни организации, специјализирани за реконструкција на покриви и тоа во:

Хрватска:
Hrvatski Crveni križ
Ulica Crvenog križa 14, P.P.93
HR-10 001 Zagreb

Србија:
Hausing Centar
Jaše Prodanovića 16 
RS-11000 Beograd 

Босна:
Caritas Switzerland
Travnička 1, 71000 Sarajevo

„Штетите од поплавите се застрашувачки. Затоа, за нас е најважно, да им помогнеме брзо и ефикасно на луѓето во регионите погодени од оваа непогода. Погодените фамилии можат да се јават директно во локалните хуманитарни организации. Бидејќи, сите испораки ќе се одвиваат централно, преку легални и официјални појдовни центрии, за да стоката ефикасно пристигне до жртвите. Ние сме многу задоволни, бидејќи можеме да помогнеме локално, во самите места, со најразлични покривни решенија, така што луѓето ќе можат најбрзо да го изградат својот дом и да се чувствуваат безбедно“, рекоа директорите на Тондах Глајнштетен АГ.

ТОНДАХ Глајнштетен АГ

Компанијата ТОНДАХ Глајнштетен АГ е водечка во средна и југоисточна Европаво во производство на ќерамиди од печена глина. Ширум Европа, компанијата со седиште во Глајнштетен (Штаермарк) има околу 1.850 вработени во 11 земји. На Балканот Тондах има 5 производни погони во Србија, Хрватска и Македонија. Во Босна и Херцеговина компанијата Тондах е застапена со претставништво за продажба во Сараево. Таа во 2013 година има остварено консолидиран обрт од € 154 милиони евра. Тондах Глајнштетен АГ се развива на локално ниво, со локален менаџмент, по најнова технологија и со иновативна политика за производите.

 

Повратни информации:

М-р Моника Илиевска
Маркетинг & комуникација
TОНДАХ Македонија АД
МК-2310 Виница
Teл.: 00389/ (0)33 362 152, Mobil: 00389/ (0)70 354 618
Фaкс: 00389/ (0)33 361 780
E-маил: monika.ilievska@tondach.com.mk