ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Презентација Градежен факултет

01. јануар 2016
Нашите идни амбасадори добија знаење за производите на Тондах и Винербергер

Студентите како идни амбасадори на Тондах и Винербергер добија стручни совети, зошто е важно со каков вид на градежен материјал ќе го проектираат нивниот објект. Оваа презентација беше во координација со професорката Тодорка Самарџиоска, продекан за наука и меѓународна соработка и професор по предметот градежни материјали на Градежниот факултет во Скопје. Присутни беа студентите од втора година, чиј број беше повеќе од 90. Тие активно и со многу прашања учествуваа на оваа практична работилница. Од нив 20 најдобри студенти беа избрани да ја посетат фабриката на Тондах во Виница.