ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Пред да започне зимата, помислете на Вашиот покрив.

02. септембар 2013

Пред да започне зимата сега е моментот, да го проверите покривот дали е подготвен да го издржи товарот од снег и лед кој го носи таа. Проверете дали има оштетувања, бидејќи во овој период од годината паѓаат поројни дождови проследени со силен ветер, кој може да допринесе на местата кај што има недостатоци, како на пример скршени ќерамиди, да навлезе вода во подкровјето и да предизвика поголеми штети (влага, мувла). Затоа, неопходно е токму сега, пред да започне зимата да се направи проверка на подкровјето и покривот. Посебно внимание треба да се обрати на гредите и летвите. Тие се најважниот дел на еден покрив треба да бидат здрави и не оштетени, за да можат да го издржат оптоварувањето кое го носи зимата, а тоа се снегот и ледот. Доколку немате познавање околу покриви и правилна изведба на покрив со ќерамиди и не можете да дадете проценка за тоа дали Вашиот покрив ќе ја преживее зимата, едноставно повикајте стручно лице, јавете се во ТОНДАХ. Тоа ќе направи контрола на:

  1. Гредите и летвите на покривот;
  2. Ќерамидите дали тие правилно се поставени на покривот

Доколку лицето утврди дека подкровната конструкција е добра и може да трае и во иднина, а ќерамидите се дотраени на многу едноставен и брз начин ќе се направи нивната замена. ТОНДАХ нуди производи со поместување кои се идеални за замена на стари ќерамиди, бидејќи можете лесно и со малку трошоци да ги влкопите на постоечката подкровна конструкција. 

За санација на покрив т.е. замена на старите и дотраени ќерамиди потребно е да се преземат следните чекори:

  1. Откривање на старите ќерамиди;
  2. Поправка на подкровната конструкција, замена на оштетените греди и летви;
  3. Поставување на заштитна парна обвивка, ТОНДАХ Dasatop заштита од влага;
  4. Воспоставување на топлинска изолација помеѓу гредите и даските;
  5. Поставување на паропропустлива а водонепропустлива ТОНДАХ FOL фолија, која штити од дожд и ветер;
  6. Поставување на контра летви и летви;
  7. Поставување на ќерамидите.

 

Специјални производи за санација на покрив 

Ќерамидите на ТОНДАХ®  нудат економично решение, бидејќи имаат својство на поместување, тоа значи дека на многу лесен и брз начин можат да се монтираат на постоечката подкровна конструкција. Ова својство е многу значајно при санација на покрив каде што треба да се заменат само ќерамидите, бидејќи летвите не се оштетени со тоа се заштедува пари и време.

 

Енергетско ефикасно решение со ќерамидите на ТОНДАХ!

Санирајте го Вашиот покрив на време! Оптималната санација на покривот може да ги намали Вашите трошоци дури и за 15%. Нашите производи се идеални и усогласени за енергетско ефикасни градби.

ТОНДАХ® нуди најразлични покривни решенија. Ќерамидите на ТОНДАХ® се оптимални за градење на пасивни т.е. енергетско ефикасни куќи, кои користат обновливи извори на енергија. Да се изгради енергетско ефикасен станбен објект за живеење е голем предизвик но во исто време и голема инвестиција. Пред да започнете со изградба на Вашиот дом, треба да одлучите од каков материјал ќе ја изградите куќата, а пред се и покривот. Искористете ги предностите на прородните материјали, кои немаат хемиски додатоци, а во нив се вбројуваат и производите на ТОНДАХ®

 

 

Информирајте се повеќе:

М-р Моника Илиевска
Маркетинг и комуникација

TОНДАХ Македонија АД, МК- 2310 Виница
Tел.: ++389 (0)33 362 332 | Факс ++389 (0)33 361 780
E-маил: monika.ilievska@tndach.com.mk