ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Меѓународната занаетчиска комора за кровопокривари наградува

20. новембар 2013

Уште едно успешно натпреварување

Меѓународната федерација на занаетчии кровопокривари оваа година како и во 2011 година распиша конкурс која гласеше „Награда од Меѓународната федерација на кровопокривари“, за избор на најдобро изведен објект. Овие награди ги опфатија следните категории:

  • Покрив со стрмен наклон
  • Рамен покрив
  • Метален покрив
  • Фасада / надворешен ѕид со изолација

При ова второ натпреварување од ваков карактер, беа доставени 58 проекти од 10 земји. Поточно, тоа се:

Покрив со стрмен наклон

19 објекти

9 земји

Рамен покрив

15 објекти

5 земји

Метален покрив

13 објекти

6 земји

Фасада / надворешен ѕид со изолација

11 објекти

7 земји

Учество земале кровопокривари од следниве земји: А, D, EST, H, NL, PL, RUS, SK, UK и USA. Меѓународната федерација на занаетчии кровопокривари беше воодушевена на заинтересираноста  и големиот одзив на натпреварувачи. Им се заблагодаруваме на сите оние кои учествуваа во натпреварот. Жирито констатира дека кај сите поднесени објекти од страна на кровопокриварите, станува збор за високо ниво на квалитет во изведбата и воопшто не беше лесно да се спроведе оценувањето.

Оценувањето беше спроведено од страна на комисија на независни експерти, под надзор на Меѓународната федерација на занаетчии кровопокривари. Во сите категории беа номинирани по четири најдобри изведени објекти. Победникот на секоја категорија беше номиниран на гала вечерта, по повод овогодишниот конгрес на Меѓународната федерација на занаетчии кровопокривари во Ротердам.

Пријавени за 2013 година во категоријата „Покрив со стрмен наклон“ беа: 

Објект

Фирма

Производ

Земја

Замок- „Boppard“

Lothar Henzler Dachdecker-

Klempner GmbH Michael Weitzsch 

Шкрилци

Германија

Црква на Светец во Mürzzuschlag

Herbitschek GmbH

Heinz Präsent

TОНДАХ®

Австрија

Вила

Ulrich Senn Bedachungen

Ulrich Senn

Ќерамиди

Германија

Црква „Vituskerk“ 

Bogaerts-van Nuland B.V.

Mirjam Dappers-Bogaert

Шкрилци

Холандија

Победникот во категоријата Покрив со стрмен наклон беше компанијата Bogaerts-van Nuland B.V. и Mirjam Dappers-Bogaert од Холандија. Срдечни честитки!

ТОНДАХ® проект:   црква – „Heilandskirche во Mürzzuschlag“, A-8680 Mürzzuschlag

Поднесувач:

Herbitschek GmbH
Dachdeckerei-Spenglerei
Leitung Herr Heinz Präsent
Grazer Str. 62b
8680 Mürzzuschlag

 

Опис на проектот:

На иницијатива на Петар Росегер во 1990 година во местото Мурцушлаг била изградена евангелистичка црква на Спасителот. Црквата на Спасителот, била изградена во 1900 година за само пет месеци. со ново готски печени тули, со контури од камен и декоративни елементи, проектирана од страна на Виенскиот Архитект Карл Штајнхофер. Престолнината на црквата се наоѓа на ридот наречен „Маслинов Рид“  на јужниот дел од Мурцушлаг, како олицетворение на градот.

 

Информира:                            

Mag. (FH) Sabine Linner
Corporate Marketing & Communications                            

TONDACH GLEINSTÄTTEN AG, A-8443 Gleinstätten
Tel. ++43 3457 2218-16 | Fax ++43 3457 2218-62
E-Mail: linner.sabine@tondach.at