ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Интегарција

02. јул 2016
Групацијата Винербергер, светски препознатлив бренд во светот.

Винербергер е најголемиот производител на тули во светот и зазема водечка позиција на пазарот на керамиди и тули во Европа со своите над 200 фабрики во 30 земји. Основана во 1819 година во Виена компанијата котира на Виенската берза уште од 1869 година. Во 1986 година компанијата ја започнува својата динамична експанзија, која е фокусирана на градежните материјали. Тоа ја претвора компанијата Винербергер од локален австриски производител на тули во најголемиот производител во светот на тули во рок од само неколку години.

Уделот во Тондах (Tondach) успешно ја зацврстува позицијата на пазарот со одлики за квалитетно домување преку керамички производи т.е. ќерамидите и додатоците кои нудат комплетен покривен систем.

Поседувањето на Земелрок Штајн и Дизајн (Semmelrock Stein & Design) го расплетува портфолиото на групата Винербергер во однос на одлични решенија за пејзаж архитектура од керамички и бетонски дворни површини.

Поседувањето на Паиплаиф (Pipelife) - пластични цевководни системи- бележи не само стратешка фаза во проширувањето на основната дејност, туку исто така и намалувањето на зависноста на групата од силно циклични периоди во новата ера на градежништвото и станбената изградба. Винербергер се претвора во еден од најголемите производители на цевки во Европа со богата палета од цевководни системи која ги вклучува Паиплаиф и Штајнцоиг Керамо (Steinzeug Keramo) - керамички системи од цевки.

Активностите на Винербергер ги опфаќа сите процеси во градежништвото од родот на глина, производство, сертификација на производството, до трговијата и технички консултации. Со висококвалитетните системи за ѕидови, покриви, фасади и подови испорачува на своите клиенти ориентирани кон иднината решенија од градежни материјали со убедливи квалитети.

Визија и мисија
Ние го подобруваме квалитетот на животот на луѓето бидејќи им нудиме дополнителна вредност за секое решение во градежништвото. Ние им помагаме во благопријатните услови и ефикасно користење на ресурсите во текот на животниот циклус. Помагаме во изборот место за објектот и проектирање, изградба, работење, одржување, поправка и реновирање. Ние обезбедуваме отпорни градежни материјали и инфраструктурни решенија за подобар квалитет на живот.

Нашите деловни активности се фокусирани на развојот, производството и дистрибуцијата на керамички градежни материјали. Нашата мисија е да продолжиме да работиме како најпосакуван снабдувач на градежни материјали во Европа на база на долготраен квалитет, енергетска ефикасност и природна убавина на нашите производи. Исто така се стремиме да обезбедиме одлична продажба и услуги во снабдувањето.