ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Felix Baumgartner, Mister Stratos - ја санира својата куќа со ТОНДАХ®

30. октобар 2012
Baumgartner, роден во Салцбург, познатиот „B.A.S.E. Jumper" или уште попознат под логото: 502, познат по своите акробации во воздух, гледајќи ги во момент може да Ви застане здивот, го санираше својот покрив со ТОНДАХ®.

Еден од неговите нај смели скокови беше скокот во 2007 година, од највисоката кула во светот кулата Тајпеј 101 (Тајван), скокна на висина од 16,669.95 ft. (околу 509 m). Со својот најнов проект "Red Bull Stratos", кое го носи мотото: "Everyone has limits, but not everyone accepts them", повторно не остава без здив. Покрај неговата професија како скокач и пилот на хеликоптер, од големо значење за нас е што неговиот приватен дом во Eugendorf (Салцбург) покривот го санира, со ќерамидите на TONDACH ®.

„Јас патувам многу често и моето превозно средство е хеликоптерот. Секој пат кога се враќам дома, ја гледам мојата куќа од птичја преспектива. Она што го гледав, го достигна мојот лимит и затоа се одлучив мојот покрив да го санирам со високо квалитетни производи од Австрија, произведени во ТОНДАХ Глајнштетен.“, изјави Felix Baumgartner на темата „покриви“. Неговиот покрив, кој изнесува околу 300 м2 беше саниран со производот на ТОНДАХ - Кармен, енгоба песочен антик.