ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Brick Award '18

01. фебруар 2017
Проекти кои можат да учествуваат на конкурсот.

Brick Award '18 дава посебен акцент на итеграцијата со природната средина,геометрија, карактер и квалитет на изградбата. За да се учествува на натреварот потребно е поголем дел од објектот да биде изграден со тули и да е завршен до 2014г. или подоцна. Ќе се оценуваат нови,реконструирани и реновирани објекти кои се енергетски ефикасни и еколошки. Во проектите треба да се објасни на кој начин се подобрува квалитетот на живеење преку одговорен и одржлив пристап кон архитектурата. Во пријавата треба да се назначи во која категорија се конкурира.
Brick Award '18
Brick Award '18

Категории во кои можете да ги пријавите вашите проекти се:

Feeling at home: семејни куќи, помали куќи групирани во еден проект изградени по високи стандарди кои нудат удобен, здрав и одржлив простор за живеење.

Living together: згради со повеќе станови: иновативни решенија на згради кај кои се земени во предвид трендовите и предизвиците на модерната урбанизација како што се недостаток на простор, социјални предизвици и новиот концепт на живеење.

Working together:комфорниестетски и функционални деловни згради, канцеларии и индустриски објекти.

Sharing public spaces: комфорни, естетски и функционални јавни објекти за образование, култура, болници, јавни места и инфрастуктурни проекти.

Building outside the box: иновативни концепти и примери за користење на тули, користење на нови технологии на градење, сецијални видови на тули, уникатни тули и специјални декорации.

   КРИТЕРИУМИ

  • Значителен дел од проектот мора да биде изведен од тули (тули за ѕидови, фасади, поплочување, ќерамиди и други глинени производи)
  • Проектот мора да биде номиниран во една од категориите
  • Објектот треба да е завршен до 2014 година или подоцна.
  • Може да бидат пријавени нови, реконструирави и реновирани објекти.
  • Во проектите може да се користат нови и користени тули.
  • Во проектот треба да се објасни на кој начин се подобрува квалитетот на живеење преку одговорен и одржлив пристап кон архитектурата.
  • Објектите не мора да бидат изградени од Wienerberger материјали.

Пријавување

Пред номинациите за меѓународниот конкурс за Brick Award 18 ќе се организита регионален натпревар Brick Award 17 на кое стручните лица ќе изберат најдобар роект од регионот. 
Сите проекти пријавени до10. април 2017. година ќе бидат отценувани од стручно жири кое се состои од реномирани архитекти и претставници од институцијата.
 
Проектите избрани на регионално ниво ќе бидат пријавени на меѓународното натпреварување Brick Award 18!
Конкурсот е отворен од 3. Јануари 2017 до 10. Април 2017 година.
Своите проекти може да ги пријавите и преку  Facebook апликацијата на Wienerberger Hrvatska, најдоцна до 10. апприл 2017. година преку образецот  PRIJAVA PROJEKTA.
Потребно е да се достават најмалку 3 фотографии и опис на проектот. Доколку за пријавениот проект имате додатна документација, како сто се написи во дневни весници, награди и сл.  ве  молиме да ги доставите. 

За повеќе информации, ве молиме контактирајте не: 

Urška Vouri

e-mail:  urska.vouri@wienerberger.com

Повеќе информации за   Brick Award.