ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Заменете го азбестот тој е штетен за околината

Овој материјал во далечното минато се содржал во повеќе од 3000 производи, тие биле многу ефтини и нивната распространетост во градежништвото било големо. Се користел како покривен материја, за изолации, за подови и сл. 

Ако се земат во предвид истражувањата кои укажуваат на фактот дека азбестот кај луѓето предизвикува тешки и неизлечиви болести како азбестоза, рак на белите дробови и дишните патишта, тој е штетен за луѓето и околината. Според американски истражувања и статистики 30-50% од лицата кои имаат вакви заболувања, не биле во директен контакт со азбестот, а сепак заболеле.

 

Затоа, Сведската здравствена организација, Меѓународната организација за труд и социјала и Меѓународната агенција за истражување на ракот, дале предлог овој материјал да биде забранет од употреба.  

 

Затоа, во 80-тите години луѓето масовно ги санирале своите домови, заменувајќи ги овие канцерогени азбесни платна на своите покриви, со материјали кои не ја загадуваат околината и не влијаат штетно врз здравјето на човекот.