ТОНДАХ® природно убави и долготрајни покриви!

Снегот е најголемото оптоварување на еден покрив

 

Во зима, под влијание на температури под 0°C, капките вода се кристализираат и на тој начин тие паѓаат во вид на снег. Поради ниските температури кровниот покривач независно од неговиот вид, се лади и снегот кој паѓа се задржува и создава снежна покривка. Оваа снежна покривка може да се преобрази и да создаде ледена облога и тоа од 10-20 cm дебел мраз. Оваа преобразба се должи на ниските температури во просторот во подкровјето а делумно и поради термоизолационите својства на снегот.

 

Кога се затоплува времето, растат и температурите на таванот, тоа влијае на греење на покривниот покривач и започнува топењето на снегот. 

Затоа неопходно е да имате снегобрани и елементи за разбивање на снег. Тие се основни составни елементи на секој покрив, воедно и важен одбранбен механизам. Тие го спречуваат неконтролираното лизгање на снегот од покривот и даваат убава хармонична целина на покривот